Утрински Весник
Политички Партии

Промени на јужната граница нема, земјата подготвена за евентуален нов бран бегалци

Промени на јужната граница нема, земјата подготвена за евентуален нов бран бегалци

Скопје, 2 март 2020 (МИА) – За евентуален бегалски бран земјава и институциите се подготвени, тврдат надлежните. Полицијата е постојано присутна на јужната граница, состојбата е непроменета и има стандардна бројка на обиди за нелегален влез во нашата држава.

Од Министерството за внатрешни работи порачуваат дека граѓаните немаат причина за загриженост, состојбата е непроменета и оти има стандардна бројка на обиди за нелегален влез во нашата држава.

-Граѓаните немаат причина за загриженост. МВР, односно нашата полиција е подготвена и постојано присутна на јужната граница. на нашите полициски службеници веќе неколку години им помагаат и полициски службеници од неколку пријателски држави и со заеднички сили се справуваме со сите нелегални обиди за влез, изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи потенцира дека земјава е подготвена за справување со евентуален наплив на бегалци од Сирија, но во координација со ФРОНТЕКС и земјите-членки на Европската Унија.

– Ние сме во постојана координација со земјите-членки на Европската Унија и со нашите партнери ја следиме состојбата уште од моментот кога почна да се разгорува ова прашање. Нашите институции се подготвени за справување со евентуален хипотетички бегалски бран, но тоа справување е повеќе во координација со ФРОНТЕКС и со земјите-членки на ЕУ со кои споделуваме заедничка политика во однос на бегалците, изјави Осамни.

Вчера беа откриени 78 мигранти кај штипската населба Три Чешми на патот во изградба Штип – Кочани во возило со скопски регистарски таблици, што го управувал 46-годишниот С.П., совозач му бил 32-годишниот Т.Р, двајцата од Велес,  кои претходно не застанале на даден знак на полицијата.

Илјадници мигранти се на грчко-турската граница, што уследи по најавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека ќе ја отвори границата и ќе им дозволи на мигрантите да влезат во Европа. Вчера на грчко турската граница кај Еврос биле регистрирани околу 5500 спречувања на влез во Грција на нелегални миграни.

По барање дополнителна помош на Грција, Европската агенција за гранична крајбрежна стража (ФРОНТЕКС) распореди засилување. Нивното на тревога на грчко-турската граница е кренато, а ФРОНТЕКС го подигна и степенот на предупредување за сите граници кон Турција.

Мигрантите насобрани во неутралната зона на граничниот премин меѓу Грција и Турција, но од турска страна, вчера ја нападнале грчката полиција, која пак одговорила со солзавец и шок бомби.

Ситуацијата на бугарско-турската граница вчера беше мирна, а бугарската Влада тврди дека не ја минал ниту еден илегален мигрант.

Поддршка на Грција и на Бугарија за справување со бегалската криза синоќа преку Твитер им искажа министерот за надворешни работи Никола Димитров.

– Стоиме покрај нашите соседи Грција и Бугарија, бидејќи тие се соочуваат со многу тешка ситуација. Нивните национални граници се исто така европски граници, и решението ќе треба да биде и европско: заедничко ангажирање и целосна солидарност!, напиша Димитров на Твитер.скс/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт