Утрински Весник
Македонија

Заев во посета на новоотворената спортска сала во Дојран

Заев во посета на новоотворената спортска сала во Дојран

Скопје, 1 март 2020

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во придружба на градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов, и претседателката на комисијата за образование на СДСМ и заменик министерка за образование, Елизабета Наумовска и граѓаните од оваа општина, ја посетија новоотворената спортска сала во ОOУ “Кочо Рацин” во Нов Дојран.

Новата спортска сала покрај тоа што ќе овозможи услови за реализација на часовите по физичко и здравствено образование на учениците од ова училиште, ќе има и друга намена.

Имено, ќе биде достапна и за хотелиерите во насока на  збогатување на своите туристички понуди, но и за сите граѓанио на општината кои ќе пројават интерес за спорт и рекреација.

За изградба на спортската сала со површина од 650 квадратни метри се потрошени 24 милиони денари што се обезбедени од Банката за развој при Советот на Европа и Буџетот  на Република Северна Македонија, а целата постапка беше спроведена преку  Министерство за образование.

СДСМ покажува како преку вистински одлуки и нивна реализација се овозможуваат подобри услови за развивање на спортот и вклучување на што е можно повеќе млади да спортуваат.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина