Торино, 1 март 2020 (МИА) – Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо ја коментираше својата иднина за „Скај Спорт“. Португалската sвезда го забележа својот меч број 1.000 во професионалниот фудбал минатата недела откако го израмни рекордот за последователни голови постигнати во Серија „А“, откако реализира на 11-ти последователен натпревар против СПАЛ.
„Тоа беше добро достигнување“, рече Роналдо. „Илјадниците одиграни натпревари ја покажуваат мојата посветеност, упорност и талент. Не е лесно да забележиш 1.000 натпревари на 35 години. Многу сум среќен. Убаво е, но се надевам дека ќе запишам уште 1.000. Тоа е добра бројка, но најважно за мене е да победувам и да бидам на врвот на рангот“, рече Португалецот.
Минатата недела сопственикот на Интер Мајами, Дејвид Бекам изјави дека би бил среќен доколку неговиот клуб привлече некој од Меси и Роналдо. Во исто време, сепак, Роналдо има договор со Јувентус до 2022 година и планира да го исполни.
„Среќен сум. Јас сум во најдобриот клуб во Италија, играм со најдобрите играчи. Среќен сум што минатата година освоивме трофеи и се надевам дека ќе освоиме повеќе оваа година“, додаде Роналдо.