Утрински Весник
Македонија

Тракторист загина во сообраќајката кај Трапчин Дол

Тракторист загина во сообраќајката кај Трапчин Дол

Скопје, 1 март 2020 (МИА) – Во сообраќајката што утрово околу 9.30 часот се случи кај Трапчин Дол на патот Кичево – Гостивар, загина тракторист роден во 1959 година од кичевското село Грешница.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, за МИА изјави дека несреќата се случила кога сега починатиот управувајќи трактор излегувал од селски пат за да се приклучи на магистралниот.

Во тој момент во него удрило патничко возило „Ауди“ со гостиварски регистарски таблички, управувано од возач од кичевското село Зајас, роден во 2000 година.

Димоски додаде дека увидот на местото на несреќата е завршен и сообраќајот на магистралниот пат Кичево – Гостивар е нормализиран. Тој беше целосно во прекин од 9.50 до 12.10 часот. хс/сп/ 

Фото:  МИА

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Спречен обид за криумчарење препарати за заштита на растенија преку ГП Меџитлија

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица

По трагедијата во Кавадарци – Oбвинителството бара притвор за тројца напаѓачи