Утрински Весник
Македонија

Откриени 78 мигранти кај штипската населба Три Чешми

Откриени 78 мигранти кај штипската населба Три Чешми

Штип, 1 март 2020 (МИА) – Откриени се 78 мигранти кај штипската населба Три Чешми на патот во изградба Штип – Кочани. Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова во соопштение до медиумите информира дека мигрантите се откриени рано утрово околу 4 часот кога полициски службеници од Регионалниот центар Исток и СВР-Штип сопреле моторно возило со скопски регистарски таблички.

Возилото го управувал 46-годишниот С.П., совозач му бил 32-годишниот Т.Р, двајцата од Велес,  кои претходно не застанале на даден знак на полицијата.

По потргата, во возилото се пронајдени  78 мигранти. Возачот и совозачот се лишени од слобода, а во моментов во Полициската станица во Штип се разговара со мигрантите и се утврдува од кои земји доаѓаат.

Дополнителни информации надлежните ќе соопштат по расчистување на случајот. вдј/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Панчевски со документ ја демантира одлуката на Советот на обвинители

„Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

Дрво падна врз три автомобили во Кисела Вода, сообраќајот блокиран