Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Со СДСМ за 2,5 години, просечната плата расте за 4.028 денари, а за 2,5 години во време на ВМРО-ДПМНЕ само 700 денари

СДСМ: Техничкиот министер Чулев за себепромоција и лажен успех загрози меѓународна операција, а од друга страна граѓаните се уште се без патни исправи

Реакција на соопштението на ВМРО- ДПМНЕ

Скопје, 1 март 2020

Извршителот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните, предизборно им ветуваат зголемување на просечната плата за 25% за 4 години.

Пред да им ветат на граѓаните нешто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се јават во реалноста.

Па, тоа што тие го ветуваат, сега СДСМ и Зоран Заев го остваруваат.

За само 2,5 години СДСМ ја зголеми просечната плата за над 4.000 денари. Тоа е зголемување од  околу 17,6% за две и пол години.

Продолжувањето на ваквиот тренд на раст на платата, ќе доведе до нејзин раст над 25% за четири години.

Извршителот Мицкоски кој нема програма им ветува на граѓаните помалку од тоа што ние СЕГА го остваруваме!

Колку ВМРО-ДПМНЕ ја зголеми платата за еден мандат додека го правеше најголемиот криминал?

За 4 години, во време на ВМРО ДПМНЕ просечната плата едвај за околу 8% порасна.

Наспроти тие минимални проценти на раст на плата од кои ВМРО-ДПМНЕ треба да се срами, СДСМ успеа за краток период од 2,5 години да направи рекорден скок на платите.

Па, така, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2019 година, изнесува 26 836 денари, ако ја споредиме со просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2017, која изнесува 22.808 денари, тоа е раст за 4.028 денари.

Наспроти ова во време на ВМРО-ДПМНЕ, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2010 изнесува 20.330 денари, а во јуни 2013, изнесувала  21.108 денари.

Па тоа е раст за само 778 денари.

Значи СДСМ за 2,5 години ја покачила платата за 4.028 денари , а во време на ВМРО-ДПМНЕ таа има раст за само 778 денари.

Мицкоски не знае да покачува плати, тој знае само да ја покачува цената на струјата

Па, граѓаните не се толку наивни. Граѓаните знаат кој се задолжуваше, а не ја зголемуваше платата и кој сега ја зголемува.

Мицкоски слободно може да гласа за СДСМ, неговите ветувања ние СЕГА ги остваруваме.

Затоа ќе бидете казнети на 12 април, затоа што 11 години на власт не се грижевте да ги зголемувате платите, а се задолжувавте со милијарди евра.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина