Утрински Весник
Македонија

Зоран Китанов: Свлечиштето на патниот правец Велес – Градско се санира, започнува целосна рехабилитација

Зоран Китанов: Свлечиштето на патниот правец Велес – Градско се санира, започнува целосна рехабилитација

Скопје, 1 март 2020

Се наоѓаме во општина Велес. 2018 година позади мене на патниот правец од Велес спрема Градско се појави ова свлечиште и одрони на карпи. Тоа нешто е многу непредвидливо и секогаш претставува закана за безбедноста на учесниците во сообраќајот. 2018 година беше санирано привремено за да може да се оспособи сообраќајот, во меѓувреме проектна задача на Градежен факултет се заврши, се проектираше целата оваа санација за да биде направенa, и еве изведувачот е воведен во работа за да може да се направи целиот овој појас да биде безбеден за сите учесници во сообраќајот. Ќе се одвива во 3 фази.

На почетокот ќе се изврши ископ на веќе уништениот пат, негово стабилизирање со санирање на уништениот ѕид со поставување на нов бетонски ѕид, за подоцна да се изврши насипување и поставување на нова еластична ограда за комплетирање на градежната работа на овој дел од проектот.

Во втората фаза ќе се започне со кавење на карпите се со цел да се осртат оштетените, испуканите карпи, за подоцна да се започне со поставување на анкери врз кои ќе се врши торкетирање, поставување на заштитна мрежа и поставување на габиони за трајно стабилизирање на карпата.

Како последна и трета фаза од проектот ќе се изврши целосно отстранување на веќе оштетениот и испукан асфалт со поставување на нов асфалтен слој, а во меѓувреме за информација на граѓаните тече тендерот за целосна рехабилитација на патниот правец од Велес до после Градско.

Значи очекуваме за некој 4 до 5 месеци комплетно да биде овој дел саниран, како во делот на одронот така и во патниот правец спрема Велес-Градско.

Изјава за медиуми на Зоран Китанов, член на ЦО на СДСМ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарите во Малино и Немањица

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње