Скопје, 29 февруари 2020 (МИА)
Во свое лично име и од името на Собранието на Република Северна Македонија со посебно задоволство на овој исклучително важен ден упатувам искрени честитки, желби и братски поздрави до сите граѓани на Босна и Херцеговина.
Големиот празник Денот на независноста на Босна и Херцеговина е резултат на желбата и одлучноста на граѓаните на Босна и Херцеговина на историскиот референдум да ја потврдат својата независност и опстојност. Во тие тешки времиња донесовте правилна одлука која сите нас не обврзува да ги почитуваме тие одлуки со кои Босна и Херцеговина денес и во иднина ќе продолжи да биде самостојна и суверена држава, држава во која рамноправно живеат Бошњаците, Србите, Хрватите и сите нејзини граѓани. Бошњаците од Република Северна Македонија и нивните соѓраѓани ја подржуваат Босна и Херцеговина и нејзините напори за полноправно членство во ЕУ и НАТО како единствен начин за градење на безбедна, стабилна и просперитетна држава. Бошњаците на Република Северна Македонија имаат значајна улога во таа подршка и се најсилната алка која ги поврзува двете држави.
Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина немаат отворени прашања и имаат одлични билатерални односи и соработка која ќе се унапредува и зацврстува во иднина. Соработка која е најдобар пример за целиот регион и која ќе се потврди со целосната интеграција на двете земји во ЕУ и НАТО.
Почитувани граѓани на Босна и Херцеговина, сите кои ја чувствувате за своја матица нека ви е среќен и вечен Денот на независноста.
Потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија
Доц. д-р Зеќир Рамчиловиќ
_________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.