Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Лагите на Заев и Костадинов се лош појас за спасување кога бродот им тоне, нив криминалот им е професија од која се богатат

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ ги понижи трудот и маката на македонскиот земјоделец

Скопје, 29 февруари 2020

Уплашени се, а стравот е последица на тоа што се свестија дека ќе одговараат и правдата нема да ги одмине. Ова се последните недели кога нема да престанат да лажат, да клеветат, да измислуваат, зошто мислат дека така Заев ќе се спаси. А тој всушност е најтешкиот камен околу вратот на СДСМ, и во таа нивна битка за спасување ќе повлечат и многу јастреби, како што е Костадин Костадинов кој и денес исто како и Заев вчера, го пуштија да клевети и шири невистини.

И кога сме кај тоа, целосно се неточни, измислени и манипулативни изнесените тврдења на Костадинов и Заев за мене.

Различни сме. Мене адвокатурата ми е професија од која егзистирам, а вам криминалот ви е професија од која се богатите на грбот на чесните граѓани.

Вистината е дека се работи за склучени потполно два различни договори, по отворена транспарентна постапка, и кога почнува вториот договор, се раскинува првиот договор. Впрочем тоа е договорот по кој работев како адвокат до пред 6 месеци, длабоко во мандатот кога Заев е премиер. Сигурен сум дека ако имало барем тронка неправилност, тронка нарушување на процедурите, СДСМ со нејзините алатки во правосудството немаше да жали средства да направи прогон и за овој случај, a и нема да ме чуди направат монтажа како што тоа го прават редовно и често, но залудно. Доколку имаат некакви забелешки следниот пат го поканувам господинот Костадинов истите да ги адресира до неговиот шеф и доскорешен премиер Зоран Заев.

Veritas vincit или вистината победува. А лагите се лош појас за спасување кога бродот ви тоне.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, став на Панче Тошковски во врска со невистините изнесени на прес-конференцијата на Костадин Костадинов 

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хеликоптерот на МВР исфрли повеќе од 30 тони вода во реонот на Дојран

Давкова се обрати на годишниот настан на КСЗД „Разговори за еднаквост” на тема „Право на домување на Ромите”

Активни се 11 пожари, од нив само еден е под контрола, информира ЦУК