Утрински Весник
Македонија

Нуредини се состана со еврокомесарот за животна средина Синкевичиус во Брисел

Нуредини се состана со еврокомесарот за животна средина Синкевичиус во Брисел

Скопје, 29 февруари 2020 (МИА) – Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во текот на вчерашниот ден беше во работна посета на Европската комисија во Брисел, каде се состана со Виргинијус Синкевичиус, комесар за животна средина, рибарство и океани.

На средбата, информираат од МЖСПП, беше разговарано за прогресот на Република Северна Македонија во транспозицијата и имплементацијата на европското законодавство во областа на заштитата на животната средина и идните чекори на ЕУ во областа. Еврокомесарот ги поздрави напорите кои земјата ги вложува во поглед на апроксимирање на политиките со европската регулатива за заштита на животната средина и ја изрази подготвеноста за понатамошна поддршка во процесот.

За време на посетата, Нуредини се сретна и со Клара де ла Торе, заменик генерален директор за климатска акција, која ги пренесе искуствата и плановите на ЕУ во поглед на климатската акција и се информираше за активностите кои Министерството ги презема во насока на остварување на предметните цели, особено во поглед на подготовката на Долгорочната стратегија и Закон за климатска акција.

Покрај тоа, министерот Нуредини оствари средба и со Геновева Руиз Калавера, директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори и проширување, при што беше разговарано за новиот пристап на ЕУ во поглед на политиката на проширување во однос на нашата земја, како и начините на остварување и програмирање на нивната поддршка и финансирање. вј/ир/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”