Утрински Весник
Македонија

Кумановци од утре ќе можат електронски да ги плаќаат сметките за вода

Кумановци од утре ќе можат електронски да ги плаќаат сметките за вода

Куманово, 29 февруари 2020 (МИА) – Кумановци од утре ќе можат електронски да ги плаќаат сметките за потрошена вода, информираат надлежните од Јавното претпријатие „Водовод“. За почеток опцијата ќе можат да ја користат само физичките лица, а во моментов се работи и на можноста и правните субјекти да ги плаќаат сметките со дебитна или кредитна картичка без провизија.
Процедурата е многу едноставна. На веб страницата e-naplata.vodovod-kumanovo.com.mk за регистрација на корисник е потребно да се внесе валидна електронска адреса, лозинка, кориснички број (шифра) на корисник и име и презиме на корисник. За секое следно најавување потребно е да се внесат единствено валидна е-mail адреса и лозинка. По извршеното плаќање корисникот добива на својата електронска адреса потврда за извршено успешно плаќање со сите детални информации за платени сметки, вкупен наплатен износ и трансакциски број, информира Оливер Стојмановски, шеф на наплата од „Водовод“.

Од Јавното претпријатие „Водовод“ велат дека останува можноста да се плати сметка и на традиционален начин . ЈП „Водовод“ Куманово има преку 28000 корисници.ам/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

По 14 години работа се гаси „Ал Џезира Балканс“ – регионалната редакција заминува во историјата

Филипче: Ние знаеме кои сме и на кој јазик говориме, ова е загарантирано и со договорите со ЕУ

Мицкоски по повод 80 години од формирањето на Црвениот крст: Во периодот кој што следи ќе ја продлабочиме соработката