Утрински Весник
Спорт

Суарез објави при какви услови Меси ќе остане во Барса до крајот на кариерата

Клаузула во договорот на Меси му овозможува да ја напушти Барса по крајот на секоја сезона
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Барселона, 29 февруари 2020 (МИА) – Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез упати повик до клубот што да направи, ако сака да го задржи Лионел Меси до крајот на кариерата.

Според Уругваецот, Каталонците треба да создадат конкурентен тим, откако претходно Меси изјави дека шансите за триумф во Лигата на шампионите не се големи.

– Стравувањата се разбирливи, најмногу заради тоа што го рече тој, имено дека нема да го добиеме она што го сакаме, со тоа што го имаме. Тоа зависи од тоа како ќе реагира клубот. Меси е многу среќен овде, ова е неговиот дом. Ако клубот го стори тоа што требаше да стори и направи конкурентен тим, би било одлично за него и тој ќе остане до крајот на кариерата во клубот, рече Суарез

Според него, клубот ја сфатил неговата порака.

– Нормално е клубот да сака најдобриот играч на светот да остане во клубот. Се надевам дека тој останува, посочи тој.

Уругваецот потоа се осврна на конкуренцијата во нападот, откако беше регрутиран Мартин Брајтваит.

– Знам колку години имам и дека морам да се ограничувам на моменти, но конкуренцијата е добра за тимот, вели Суарез.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk