Утрински Весник
Економија
Img 7972

Заради коронавирусот најбогатите луѓе во светот за една недела загубија 444 милијарди долари

„Прајсватерхаус“ прогнозира намален раст на економијата во 2020 година
300x250 opst2

Њујорк, 29 февруари 2020 (МИА) – Поради сериозниот пад на вредноста на акциите на светските берзи заради коронавирусот вкупната сума со која 500-те најбогати луѓе на планетата неделава беа „олеснети“ изнесува 444 милијарди долари, јави агенцијата Блумберг.

Според анализата на агенцијата, тројцата најбогати луѓе во светот: извршниот директор на Амазон, Џеф Безос, коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, и генералниот менаџер на француската групација ЛВМХ (Луис Витон, Моет, Хенеси ), Бернар Арно, претрпеле најголеми загуби. Според проценките на агенцијата, нивната состојба на сметките е намалена за околу 30 милијарди долари.

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, 25-ти во ранкингот на најбогати луѓе на планетата, неделава загубил  девет милијарди долари, по падот на вредноста на неговите акции.

Според „Вол Стрит Џорнал“ последната недела се претвори во најнесреќната за американскиот берзански пазар по финансиската криза од 2008 година. Падот на индексот Дау Џонс за оваа недела изнесуваше 12.4 отсто, на S&P 500 е 11.5 отсто, на Насдак е 10.5 отсто.

Истовремено котирањата на акциите на повеќе од 95 отсто од компаниите, претставени на листата на индексот S&P 500, паднаа за повеќе од 10 отсто во однос на претходно постигнатите максимуми. сд/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

За изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во август годинава исплатени 19,5 милиони евра

ЧОКОЛАДА И ШЕЌЕР – Сладок бизнис за крупен финансиски залак

ДДВ-то за нарачките до 22 евра од Тему било заради јакнење на македонската економија, велат од Финансии