Утрински Весник
Македонија

Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку Стража

Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку Стража

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Вечерва во 18:30 часот, укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, што беше воведена во 15:50 часот поради врнежи од снег, информира Автомотосојузот на Македонија.

Претходно од АМСМ информираа дека во 18:15 часот е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, која беше воведена во 15 часот поради врнежи од снег.

Од „Македонијапат“информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а снег врне во Крива Паланка, Страцин, Крушево и на планинските премини Буково, Ѓавато и Плетвар.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

„Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Дежурните екипи на „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.ир/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско

Залутан куршум погодил возило на Финец кај Бит Пазар

Уапсени 12 возачи кои возеле без положен возачки испит