Утрински Весник
Македонија

МНТ и Театар Комедија ги одложија претставите до 6 март

МНТ и Театар Комедија ги одложија претставите до 6 март

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Македонскиот народен театар и Театарот Комедија во согласност со препораките на Владата за неодржување на јавни настани до 6 март ги одложија закажаните претстави во овој период. Македонската опера и балет и Драмскиот театар засега не го одложуваат својот репертоар.

Во соопштенијата од МНТ и Театарот Комедија се наведува дека претставите се одложуваат во согласност со препораката на Владата на Република Северна Македонија за неодржување јавни настани до 6. март како превентивна мерка поради корона вирусот. ев/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВЛЕН: Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, архивата на ДУИ?

Хорор во кичевско: Мајка со мали деца нападната од кучиња

СДСМ: Шест дена до уште една голема лага и неисполнето ветување на Мицкоски