Утрински Весник
Спорт

Тотенхем го испрати Сон во карантин

Тотенхем го испрати Сон во карантин

Лондон, 28 февруари 2020 (МИА) – Сон Хеунг Мин во четвртокот се врати од Јужна Кореја во Лондон, а Тотенхем веднаш го препушти на англиските здравствени власти кои го ставија во двонеделен карантин.

Јужнокореецот се здоби со повреда на раката во мечот против Астон Вила и беше принуден да прави операција во неговата родна земја во која се забележани над 2.200 случаи на заболени од коронавирус. Сега е во изолација во домашни услови.

„Овие совети стигнуваат од Владата. Не сакам ништо да коментирам, не знам ништо за тоа. Јас само добив совет, а клубот го следи она што му е кажано. Сон ќе мора да ги следи протоколите и нема да се видиме некое време“, истакна Мурињо.

Според англиските медиуми, Сон ќе биде подложен на тесторање на коронавирусот за да се утврди дали го „закачил“ при престојот во Јужна Кореја. сѓд /сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Затворски казни до 12 години побарани за медицинскиот тим на Марадона

Вардар ја пречекува Висла во обид да дојде до првите бодови сезонава во ЛШ

Ајкула, заробена во крајбрежен парк во Јужна Кореја, не сака да си замине, стана вистинска туристичка сензација