Утрински Весник
Македонија

Општина Гази Баба:Советниците на ВМРО – ДПМНЕ во Советот на општина Гази Баба повторно симнаа точки од дневен ред без образложение

Општина  Гази Баба:Советниците на ВМРО – ДПМНЕ во Советот на општина Гази Баба повторно симнаа точки од дневен ред без образложение

Скопје, 28 февруари 2020

На советниците од ВМРО-ДПМНЕ од Советот на општина Гази Баба им прејде во навика да ги симнуваат точките за донесување на ДУП – ови кои се од големо значење за развој на општината.

И денеска без никакво образложение, без аргументи за овој чекор и без предлог, ги тргнаа од дневен ред точките за донесување на ДУП-от за Градска четврт СИ 03, блок 08 кој што се однесува на деловен простор во Маџари на улица Благоја Стефковски, ДУП- от за Градска четврт СИ 08, блок 03 односно делот на Кванташки пазар, кој ќе овозможи конечно уредување на овој простор, инвестиција вредна 20 милиони евра.

Потоа ги симнаа и точките за изработка на локална урбанистичко – планска документација за изградба на објект со намена Г2, лесна индустрија и Г3, сервиси.

Уште една, која е исто така е значајна е и точката за донесување на ДУП-от за градба на градска четврт С 19, блок 01, која се однесува на спортско – рекреативен центар во Камник на површина од 30 хектари, кој ќе биде единствен од овој тип во градот.

Нивното блокирање на ДУП – овите кое се случува неколку седници по ред е само на штета на граѓаните. Тие нема да можат да добијат исполнување на нивните барања, за кои чекаат да се реализираат повеќе години, инвестиции кои ќе отворат дополнително нови работни места.

Затоа време е советниците на ВМРО ДПМНЕ да се вразумат и да не ја опструираат работата на Советот, а со тоа и развојот на општината, која оди директно на штета на жителите на Гази Баба, затоа што општината е стручен и професионален сервис на граѓаните, со високо ниво на експедитивност и ефикасност во давањето на админисративни и јавни услуги, сервис за исполнување на потребите на граѓаните, согласно законската легислатива и најдобра пракса во вршење на услуги.

Одделение за односи со јавност на Општина Гази Баба

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарите во Малино и Немањица

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње