Утрински Весник
Македонија

„На отворено море“ утревечер премиерно на сцената на штипскиот Народен театар

„На отворено море“ утревечер премиерно на сцената на штипскиот Народен театар

Штип, 28 февруари 2020 (МИА) – „На отворено море“ е новата театарска претстава на штипскиот Народен театар, којашто утревечер во 20 часот ќе биде премиерно изведена. Претставата е во режија на Никола Ристов, а е работена по текст од Славомир Мрожек. Ристов на денешната прес-конференција истакна дека во претставата се говори за политиката, но и за екологијата. Во претставата играат Анѓелка Нашкова, Марија Минчева Андонов, Пеце Ристевски, Миле Вратеовски и Владимир Тулиев, гардеробата е  на Верица Давчева, а драматургијата на Весна Куслеска.

На отворено море е претстава која ни ја доближува реалноста на себичното, за самопрогласеното цивилизирано, за стравот од празен стомак. Садомазохистичкиот поглед на човештвото низ објективотна апсурдот, драма каде катарзата не е во полнењето на празниот стомак, туку во чинот на убиството. Драма која ни покажува дека се е веќе избрано дури и пред идејата за самиот избор, вели Куслеска.

Ристов посочи дека она што актерите го прават на сцената ќе биде вистинско уживање за публиката.  

-Ова е втора претстава која годинава со сопствени средства ја работи нашиот театар. Претставата беше голем предизвик за мене оти главните ликови во неа не се некои веќе напишани ликови кои можеме лесно да ги изанализираме и поставиме на сцена туку тие претставуваат определени општествени групи како што се политичарите, бизнисмените, народот, рече Ристов.

Актерите Пеце Ристески и Марија Минчева Андонова забележаа дека во преставата говори за гладот, без разлика дали е политички или економски. вдј/лв/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ставот на МАНУ е дека постои само една национална академија и оти во неа нема место за политички влијанија, за Мицкоски иднината не е во поделби туку во обединување

Зголемена фреквенција на возила на Табановце за влез и Богородица за излез од државата

Сончево и топло со умерен до засилен северен ветер