Утрински Весник
Македонија

Дожд и ветер со брзина од над 70 километри на час попладнево

Облачно со повремен дожд, а на планините снег

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Врнежи од дожд и силен ветер со брзина од над 70 километри на час се очекуваат денеска во попладневните часови.

Синоптичарите најавуваат повеќе врнежи во северозападните делови и зголемување на снежната покривка на планините. На планините ќе има и појава на снежни наноси поради силниот ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Во Скопје ќе има врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината услови за снег. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено во вечерните и ноќните часови. бак/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско

Залутан куршум погодил возило на Финец кај Бит Пазар

Уапсени 12 возачи кои возеле без положен возачки испит