Утрински Весник
Економија

Повисоки трошоците за вработени на градежните компании при изградба на индивидуални објекти

Повисоки трошоците за вработени на градежните компании при изградба на индивидуални објекти

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Трошоците за вработените во градежништвото при изведување изградба на нови објекти за индивидуално домување во четвртото тримесечје од 2019 година, бележат раст од 3,2 отсто во однос на претходниот квартал и 10,9 отсто во однос на четвртото тримесечје од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Трошоците за материјали на градежните компании при изградба на вакви објекти се пониски за 1,5 отсто во споредба со третиот квартал и за 2,6 отсто во однос на последниот квартал од минатата година. скс/сп/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВЛЕН: Економски раст од 4,3 проценти и околу 20 милиони евра за домашните компании

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот дефицит се намалува

Божиновска: „Македонија веќе не е пасивна крајна точка – стануваме активен партнер и транзитен енергетски крстопат во Југоисточна Европа“