Утрински Весник
Македонија

Вработени од правосудните органи од Југоисточниот регион се обучуваа за препознавање на корупцијата

Вработени од правосудните органи од Југоисточниот регион се обучуваа за препознавање на корупцијата

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Вработени од администрацијата на работилница во Струмица се информираа за можните судири на интереси и за заштитните законски механизми и начините на препознавање и пријавување на корупцијата.

Работилницата е третата по ред организирана од страна на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД.

– Особено сме среќни и задоволни што феноменот корупција, од вработените во јавниот сектор почна да се препознава како негативна појава која го поткопува развојот на државата. Така, на овие работилници имаме голем одѕив и присуство на вработени кои доаѓаат од јавни институции како што се судовите, локалните самоуправи, министерстава и агенциите. Веруваме дека само со заеднички напори можеме да ги намалиме негативните ефектите на корупцијата, надевајќи се дека еден ден целосно ќе ја искорениме, изјави генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски.

Покрај работилницата во Струмица, проектот„Подигни ја својата свест, пријави корупција, биди одговорен”, вклучува уште седум други работилници низ државата, наменети за вработените во јавниот сектор и една завршна конференција во Скопје. Проектот се имплементира со цел да се информираат членовите на Синдикатот на УПОЗ за корупцијата и да се подигне свеста за последиците од корупцијата. бак/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: На листата на Владата за државен обвинител се тројца кандидати, Ленче Ристоска не е меѓу нив

Тошковски: Разбиена мрежа поврзана со транспорт на дрога

СДСМ: Доста се наслови за жолт печат, најголемиот нарко скандал од 5 тони дрога води до ВМРО-ОКГ и Мицкоски