Утрински Весник
Македонија

Чулев:Будно се следи состојбата на границите поради можен нов бран бегалци

Чулев:Будно се следи состојбата на границите поради можен нов бран бегалци

Велес, 28 февруари 2020 (МИА) – Двете наши граници јужната и северната будно ги следат припадниците на граничната полиција во соработка со припадниците на нашата Армија и полиции на други држави поради состојбите на северот на Сирија и последните случувања во Р.Турција и можната опасност од нов бран бегалци од Сирија.

Ова го потенцира министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој денеска беше во работна посета на СВР Велес, одговарајќи на новинарско прашање дали има опасност од нов бран беглаци, кои би транзитирале низ нашата држава.

– Ние будно го следиме процесот и доколку има потреба и сега сме многу подобро подготвени и материјално – технички и кадровски за попречување на влез на нов бран емигранти, нагласи министерот Чулев. ад/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пешаците преминувале каде што ќе стигнат, возачите не им давале предност – 175 прекршоци

Работник почина од струен удар во Кондово

Јавна дискусија за ЗОРОДУ: Јасни надлежности и одговорност како темел на функционална државна управа