Утрински Весник
Македонија

Советот на Општина Дебар ја усвои завршната сметка за минатата година

Советот на Општина Дебар ја усвои завршната сметка за минатата година

Дебар, 28 февруари 2020 (МИА) – Советот на Општина Дебар на денешната 33-та редовна седница ја усвои завршната сметка на општинскиот Буџет за минатата година.

– За 2019 година вкупно планираниот Буџет беше 377,2 милиони денари, а реализирани се 331,8 милиони или помалку за 45,4 милиони денари. Кога станува збор за расходите, тие беа проектирани на 377,2 милиони, а потрошени се 325,5 милиони денари. Како вишок на приходи во основниот буџет за оваа година се префрлени 6,5 милиони денари, рече Ќазим Ќормемети раководител на секторот за финансии при Општината.

На седницата, на која присуствуваше и градоначалникот Хекуран Дука, советниците донесоа едногласна одлука да се побара од Царинската управа и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, да се разгледаат сите можности и да се дозволи минување на жив добиток преку граничниот премин „Блато“ на македонско – албанската граница кај Дебар.

Тоа откако советникот од СДСМ, Азем Фејзоски, го пренесе барањето на сточарите од дебарскиот регион, кои доколку сакаат да транспортираат жив добиток во погранични населени места во Албанија, тоа мора да го прават преку граничниот премин Ќафасан кај Струга, што е многу поголема далечина.

Забрана за ова е донесена во 2007 година и во моментов од двете страни на преминот постојано не функционира потребната ветеринарна служба.

Советниците разгледаа и прашања од областа на урбанизмот. вт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани