Утрински Весник
Македонија

Инфраструктурни зафати во Општина Битола

Инфраструктурни зафати во Општина Битола
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Битола, 28 февруари 2020 (МИА) – Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска изврши увид во градежните активности на улицата „13. Јули“ во Нова Битола.

За реконструкција и ставање во функција на таа улица, Општината издвои 5,5 милиони денари, изјави Петровска.

– Во изминатиот период имавме инфраструктурни зафати на улицата „13. Јули“ во висина од над 800 илјади денари кои ги реализира ЈКП „Нискоградба“ – Битола, а сега продолжуваме со уредување на коловозот, тротоари, паркинзи и осветлување за што Општина Битола ќе вложи над 4,7 милиони денари или вкупно 5,5 милиони денари, истакна Петровска, додавајќи дека инфраструктурниот зафат е изнуден и наследен од поранешната локална власт бидејќи и покрај тоа што инвеститорите на станбените објекти ги платиле сите давачки, комуналии кон општината, инфраструктурното уредување локалната самоуправа не го реализирала, а такви ситуации има и на други места во градот.

Општина Битола по 40 години застој почна да ја реконструира и една од најдолгите улици во градот, улицата „Илинденска“, а во тек се инфраструктурни зафати и на други локации на подрачјето на општината, беше посочено на прес конференцијата во Битола што ја одржа градоначалничката Наташа Петровска. мт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен