Утрински Весник
Македонија

Нов кружен тек во Волково и реконструкција на патот до Кучково

Нов кружен тек во Волково и реконструкција на патот до Кучково

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Во Волково денеска почна изградбата на новиот кружен тек и реконструкцијата на патот до Кучково. На стартот на градежните работи присуствуваа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство  Трајан Димковски,  директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски.

Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху изјави дека со изградбата на новиот кружен тек конечно се решава сообраќајниот хаос во Волково каде што во иднина ќе биде олеснето движењето кон последната станица на автобуската линија со број 22, која е една од најкористените линии во јавниот автобуски превоз во Скопје.

Тој додаде дека  овој пат го користат секојдневно околу 10.000 жители на Општина Ѓорче Петров кои живеат и работат во Волково, Кучково, Никиштани и во Орман, но истовремено се олеснува и пристапот кон магистралниот пат кој води кон Косово. Со изградбата на кружниот тек во Волково и реконструкцијата на патот до Кучково ќе се зголеми и безбедноста на сите учесници во сообраќајот коишто ги користат овие сообраќајници.са/

 

 

 

 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јанев лично во Кочани: Проверува како Лазов избега од полициската станица – Секој пропуст ќе биде санкциониран

Ново видео ја вознемири Македонија: Група врсници физички нападна девојче

Државата не ги научи лекциите од трагедијата во „Пулс“ – системските слабости останаа