Утрински Весник
Економија

Повисоки цените на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

Раст на прометот на индустријата на годишно ниво

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јануари 2020 година се повисоки за 0,5 отсто на месечно ниво и за 1,2 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, минатиот месец во споредба со претходниот, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите трајни производи за широка потрошувачка за 2,9 отсто, енергија за 1,4 отсто, нетрајни производи за широка потрошувачка 0,4 отсто и капитални производи за 0,2 отсто.

Во јануари 2020, во споредба со јануари 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите трјани производи за два отсто, енергија за 1,3 отсто, нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,7 отсто, капитални производи и интермедијарни производи, освен енергија за 0,4 отсто. скс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Божиновска: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

Заврши годишното оданочување на граѓаните за 2025 година, пријавени над 612 милијарди денари оданочив доход

Основање на Кинеско – македонска стопанска комора