Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче денеска се обратија на конференцијата „Секундарно и терцијално ниво на здравство“, која претставува иницијален состанок на секторската група, што ќе ги разгледа наодите и препораките од проектот „Анализа на ефикасноста на системот за секундарна и терцијална здравствена заштита во Република Северна Македонија“, финансиски подржан од ЕУ.
Премиерот Спасовски посочои дека овој проект е значаен, бидејќи од него треба да произлезат најдобрите и оптимални насоки за стратегијата за развој на секундарното и терцијално ниво на здравствена заштита.
– Во Буџетот за 2020 година во функциите здравство, образование и социјална заштита се предвидени вкупно 154 милијарди денари. Тоа е зголемување од повеќе од 10 милијарди денари во споредба со претходниот буџет, рече Спасовски.
Зајакнувањето на човечкиот капитал во здравството значи и подобро јавно здравство и затоа оваа година се издвојуваат повеќе средства за здравствена заштита. Средствата за здравствена заштита се наменети за финансирање на здравствените услуги и преземените мерки во оваа област како – зголемување на капитацијата, достапоност на лековите во текот на целиот месец, зголемување на надоместоците на специјалистите, за зголемувае на платите за медицинскот кадар во јавните здравствени установи.
Спасовски потенцира дека лекарите и здравствените работници мора да бидат мотивирани за да работат и да не размислуваат за заминување надвор од државата. Тој потсети дека се дадени над пет илјади согласности за вработување за две години и додаде оти нема здравствена установа во земјата каде бројот на вработени не е зголемен за најмалку 10 отсто. Премиерот рече дека континуирано се подобруваат условите во болниците и вложуваат во нови, одвоени се 1,5 милијарди денари за капитални инвестиции во здравството, овозможени се подобри услови за работа во многу клиники и оддели.
Министерот за здравство Венко Филипче информира дека се работи за иницајлен состанок на секторската работна група за здравство.
– Секторската работна група за здравство има повеќекратен мандат, но во прв ред претставува меѓуресорски форум за водење дијалог за политики поврзани со здравството и за оценка на напредокот во секторот. Оваа секторска работна група ќе биде место каде ќе се утврдуваат приоритетите што ќе се финансираат од ЕУ и други донатори, ќе се следи нивната имплементација и ќе се остварува координацијата на целокупната странска помош. На тој начин достапните средства од разни извори ќе бидат насочени кон поддршка на националните политики, рече Филипче.
Секторската работна група ја предводи Министерството за здравство и во неа се вклучени претставници од различни државни органи и институции чии надлежности се поврзани со спроведување на политиките за здравство. Филипче најави дека по потреба во работата на групата ќе бидат вклучени и други инститиции.
Никола Бертолини од Канцеларијата на Делегација на ЕУ информира дека досега во Северна Македонија работеле во многу сектори, а во здравството само маргинално. Нашиот главен двигател, како што рече, беше законодавството на ЕУ, правната рамка.
– Здравството ќе биде дел од нашите интервенции и затоа почнуваме со овој дијалог пред сите вас и ве следиме сите вас, најави Бертолини. Тој посочи дека не е целта да се зголеми помошта на здравствениот сектор туку, како што рече, целта е да го зголемиме државното финансирање на здравството и да добиете повеќе овластувања од граѓаните.
На конференцијата присуствуваа регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге, претставници од агенциите на ОН, донатори, доктори и претставници од граѓанското општество. мд/сп/