Утрински Весник
Македонија

Општина Кисела Вода бесплатно ќе собира кабаст отпад

Општина Кисела Вода бесплатно ќе собира кабаст отпад

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Општина Кисела Вода од понеделник започнува со проект за собирање на кабаст отпад од домовите на своите жители.

– Секој работен ден, во периодот од 08:30 до 16:30, тие можат да се јават на телефонот 072 313-331 и да дадат информација дека поседуваат кабаст отпад, по што ќе се направи договор со службите на Општината за негово бесплатно подигнување од пријавената локација, се наведува во соопштението на Општина Кисела Вода.

Општината посочува дека го спроведува овој проект преку Секторот за месна самоуправа, со цел решавање на проблемот со неконтролираното одлагање на овој вид отпад, што е казниво со закон.

– Потсетуваме дека собирањето на кабастиот отпад има директно влијание во зачувувањето на урбаната животна средина од аспект на санитарно и еколошко значење. Од тука, во периодот што следи, инспекциската служба ќе работи засилено на пронаоѓање и санкционирање на лицата кои евентуално нема да ги користат услугите на Општината и повторно отпадот ќе го одлагаат на јавни површини, се потенцира во соопштението. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош