Утрински Весник
Спорт

Рамос со нов „рекорд“ во ЛШ

Рамос со нов „рекорд“ во ЛШ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мадрид, 28 февруари 2020 (МИА) – Капитенот на Реал (Мадрид), Серхио Рамос уште еднаш се запиша во историјата на Лигата на шампионите.

Овој пат Рамос не се запиша со гол или трофеј, туку со уште еден црвен картон во 1/8-финалето против Манчестер Сити (1:2), што е 27-ми во неговата кариера.

На самиот турнир, Рамос ја дели првата позиција со Златан Ибрахимовиќ и Едгар Давидс, секој со по 4 црвени картони.

На втората позиција во анти-рејтингот, која исто ја делат неколку играчи, има и имиња како Марко Верати, Филип Мексес, Кристијан Киву и легендата Патрик Виера.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

РФМ полноправна членка на медитеранското ракометно семејство

Халанд го престигна Роналдо по број на голови во Премиер лигата

Ал-Наср доби забрана да регистрира играчи