Утрински Весник
Спорт

Дуелот Јуве – Интер останува без навивачи

Дуелот Јуве – Интер останува без навивачи

Торино, 28 февруари 2020 (МИА) – Големото дерби на италијанскиот фудбал Јувентус – Интер ќе се игра пред празните трибини. Ова го соопштија официјално од Серија „А“.

Вчера се појави надеж дека судирот сè уште може да се игра пред полни трибини, но таа опадна по кризната средба за коронавирусот. Веќе однесе 17 жртви, а 580 луѓе се заразени.

Регионите во Пиемонт, Ломбардија, Фриули, Венето и Лиџурија се ставени во карантин. Ова значи дека средбите Милан – Џенова, Удинезе – Фиорентина, Парма – СПАЛ 2013 и Сасуоло – Бреша, исто така, ќе се играат пред празни трибини.

Јуве го пречекува Интер во недела од 20,45 часот по наше време. И двата тима и Лацио водат здрава битка за „Скудетото“ и судирот во Торино е исклучителна важност.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Зверев ќе стане светски број 1 за прв пат во кариерата

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1

Затворски казни до 12 години побарани за медицинскиот тим на Марадона