Гевгелија, 28 февруари 2020 (МИА) – Гевгелиската компанија „Интер-Констракшн“ чии што производи поради примената на новите технологии во работењето наоѓаат широка примена во канализациските мрежи во земјата и странство, организираше еко акција за своите вработени, кои засадија триесет багремови и јасенови дрва околу фабричкиот објект.
Објектот е лоциран во селото Прдејци, во близина на Кованска река, така што засадениот зелен појас, освен што ќе ја разубавува околината, ќе придонесе за почиста животна средина, а ќе го штити и производствениот погон од евентуално излевање на водата од Кованска река.
-Една кинеска поговорка вели дека најдобро време да се засади дрво е пред 20 години, а второто најдобро време е сега. Затоа токму сега го правиме ова и засадивме дрва кои ќе ја разубават околината и пред се ќе придонесат за поздрава животна средина за сите нас, нашите блиски и за идните генерации, рече Димитар Маџунков основачот на гевгелискиот гигант во оваа област, компанијата „Конти Хидропласт“. им/дма/