Утрински Весник
Македонија

За една недела на бројот 193 осум пријави за оган на отворено во Скопје

Минатата недела намален бројот на огнови на отворено во Скопје

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во периодот од 20 до 26 февруари 2020 година на телефонскиот број 193, кој е дел од кампањата „Пријави оган на отворено“, регистрирала осум пријави од граѓаните.

– Од вкупниот број пријави, во пет случаи пожарникарите излегле на терен со противпожарни возила и го изгаснале огнот што горел на отворено. Преостанатите три пријави од граѓаните се проследени кај инспекторите на Град Скопје за да покренат постапка против сторителите, информираат од прес-службата на Град Скопје.

Во сезоната со зголемено загадување на воздухот, Градот Скопје ја продолжи кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193. Градот Скопје преку својот инспекторат и Територијалната единица за противпожарна заштита, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст организира мешани тимови кои работат секој ден, 24 часа, и се справуваат со огновите на отворено.

Oваа кампања се спроведува трета година по ред и досега има одлични резултати.

Градот Скопје и Бригадата за противпожарна заштита апелираат граѓаните да ги пријавуваат сите случаи на палење оган на отворено, за да може огнот што побрзо да се изгаси, а сторителите да се санкционираат.фф/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Исчезнат е Виктор – најблиските бараат помош од граѓаните

Денеска се празнува света великомаченик Мина

СДСМ ќе го одржи 30-тиот конгрес