Утрински Весник
Македонија

Тодоровиќ ќе сведочи за „Рекет“

Боки 13 се пожали на болки, судијката повика Брза помош

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за случајот „Рекет“. Вчерашното рочиште беше одложено за денеска поради отсуство на поранешниот градоначалник на Општина Центар и бизнисмен Владимир Тодоровиќ кој треба да сведочи на предлог на одбраната на првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13.

Како сведок треба да се појави Лидија Јаневска, која за вчерашното рочиште немала уредна достава на покана.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Васка Николовска-Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.
Тодоровиќ е еден од 12-те предложени сведоци од обвинетиот Бојан Јовановски.
Судијката Васка Николовска-Масевска, информираше дека Судот го одбива барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за укинување на мерката притвор.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври лани поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.
Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти декември минатата година, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина за делото „примање награда за противзаконито влијание“, по што беше осуден на три години затвор. аа/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме