Утрински Весник
Македонија

Димитров: Вишеградската група ја реафирмира неопходноста од започнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Димитров: Вишеградската група ја реафирмира неопходноста од започнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) – Поддршката на европската интеграција и регионалната соработка на земјите од Западен Балкан беа во фокусот на дебатата на состанокот на шефовите на дипломатиите од земјите од Вишеградската група (V4) и од земјите од Западен Балкан (WB6) што се одржа денеска во Прага на кој учествуваше и министерот за надворешни работи Никола Димитров. На состанокот присуствуваа и комесарот за соседство и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, министрите за надворешни работи на Хрватска, Словенија и претставник од Австрија.

Како што соопшти МНР, министрите за надворешни работи присутни на состанокот уште еднаш ја потврдија неопходноста од започнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија и упатија порака за донесување позитивна одлука во најскоро време.

Димитров по завршувањето на пленарната сесија, имаше изјава за медиумите во името на земјите од Западен Балкан, на заедничката прес-конференција со домаќинот колегата Петричек и еврокомесарот Вархеји.

-Зборувам во името на шесте земји од Западниот Балкан, географски блиски и опкружени со ЕУ земји-членки. Благодарност до Чешкото претседателство на Вишеградската група за одржување на политиката на проширување, т.е. комплетирање високо на агендата и за овој состанок со навистина одличен тајминг. Овој собир е знак за заедништво – без Западен Балкан не може да биде возможна целосна, просперитетна, стабилна и безбедна Европа. Постојат разлики меѓу земјите, но едно е исто – споделуваме заедничка европска иднина. Заедништвото е очигледно во оваа значајна историска мисија, рече Димитров.

Новата методологија на Европската комисија, очекувањата од мартовскиот Европски совет и агендата на Самитот во Загреб исто така беа разгледани.

На маргините на состанокот се потпиша Меморандум за разбирање помеѓу Меѓународниот фонд на Вишеград и Фондот за Западен Балкан, што претставува уште една потврда за заложбата на земјите од Вишеградската група за поддршка на нашиот регион.

Министерот Димитров оствари и билатерална средба со МНР на Словачка, Мирослав Лајчак на маргините на денешниот состанок. Недвосмислената поддршка за коригирање на испуштеното во октомври беше уште еднаш нагласена од страна на словачкиот министер.

Вишеградската група е меѓу поддржувачите на ЕУ перспективата на земјите од Западен Балкан. Република Чешка претседава со Вишеградската група од 1 јули 2019 година. вг/скс/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: На фронтот во Украина се борат и платеници од Колумбија

Мицкоски: Не сум импресиониран од ова раководство на СДСМ

Мицкоски не бил импресоиниран од новото раководство на СДСМ