Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ИЈЗ: Изминатата недела регистрирани 5.654 заболени од грип

ИЈЗ: Изминатата недела 207 заболени од грип
300x250 opst2

Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) – Во текот на изминатата недела (од 17 до 23 февруари) се регистрирани 5.654 заболени од грип, што е за шест случаи помалку од неделата пред неа кога беа регистрирани 5.660 заболени, се наведува во извештајот што на својата веб страница денеска го објави Институтот за јавно здравје.

Во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, како што се посочува, изминатата недела пристигнати се 99 материјали за тестирање на грип. Од тестираните материјали, 55 (55,6 отсто) се позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца – кај 25 (45,5 отсто) е детектиран тип А (15 A/H3, 10 A/H1pdm), а 30 (54,5 отсто) се инфлуенца тип Б (16 Victoria и 14 неодредена линија).

Најголем број случаи (2.776) се пријавени во најголемата возрасната група односно лица на возраст од 15 до 64 години, додека највисока инциденца од 818,3 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст од пет до 14 години.

Оваа недела пријавени се случаи од 29 извештајни единици, од кои во 18 инциденцата е над неделната граница на средна сезонска активност. Најголем број случаи се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Скопје (1.065), додека највисока инциденца е регистрирана на територијата која ја покрива Подрачната единица Кратово со 135 пријавени случаи.

Во сезоната 2019/2020, вкупниот број заболени од грип изнесува 22.071. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка на патот Штип – Велес, еден загинат, еден тешко повреден

ВМРО-ДПМНЕ: Со неосудувањето на Тричковски, Филипче покажа дека не само што не е различен, туку е прототип на деструкцијата која ја пропагира СДС

Поради сообраќајка прекинат сообраќајот на експресниот пат Штип – Велес