Утрински Весник
Македонија

Нови сообраќајни знаци во Кавадарци

Нови сообраќајни знаци во Кавадарци

Кавадарци, 27 февруари 2020 (МИА) – Општината Кавадарци започна со поставување нови сообраќајни знаци,  како дел од проектот за решавање на сообраќајот за еднонасочно движење на седум улици во градот.

-Во оваа фаза од проектот ќе се постават 159 знаци и 200 столбови како дел од вертикалната патна сигнализација. Паралелно со ова, општината прку ангажираната оператива на специјализираната фирма  од Скопје, поставува и 24 светлечки табли со панели за регулација на движењето на сите кружни текови во градот, соопштија од Службата за односи со јавноста при локалната ссмоуправа. свд/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДОМ: Не смее да се брише законската рамка за санација на жешките еколошки точки и заштитата од тешката индустрија

Министерство за правда: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, бараме оставка