Утрински Весник
Македонија

„Арапската техника“ на Верче Андонова претставена пред каменичани

„Арапската техника“ на Верче Андонова претставена пред каменичани

Македонска Каменица, 27 февруари 2020 (МИА) – Во каменичкиот Дом на култура отворена е изложбата од ликовниот уметник Верче Андонова. Пред посетителите Андонова, претстави дел од своите дела работени во т.н. арапска техника.

– Оваа техника ја научив додека бев штитеник во Домот за деца без родители во Скопје. Среќна сум, бидејќи со оваа изложба успеав да докажам дека и лицата со попреченост умеат да творат и создаваат, рече Андонова.

Настанот е во организација на Центарот за поддршка на лицата со интелектуална попреченост „Порака“ од Штип, со поддршка од Општина Македонска Каменица преку програмата за работа на Културно-информативниот центар „Романса“.

Преку ваквите настани, како што истакна градоначалничката Соња Стаменкова, која присуствуваше на отворањето на изложбата, општината ќе продолжи со постојаната поддршка и грижа кон лицата со посебни потреби и личните заложби, се со цел поголема инклузија на оваа група граѓани во општествениот и културен живот во Македонска Каменица и државата.

Авторката во знак на благодарност на организаторите им подари уметнички дела. Изложбата во Домот на култура, ќе биде отворена до крајот на месец март. вс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утре нов „Марш на ангелите“ во Кочани

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, велат од СДСМ

Министерството за енергетика со нов повик за субвенционирање клима уреди