Утрински Весник
Спорт

Во Италија со коронавирус заразен прв професионален фудбалер

Во Италија со коронавирус заразен прв професионален фудбалер

Рим, 27 февруари 2020 (МИА) – Фудбалер од италијанската Серија Ц е заразен со коронавирусот, пренесе „Ла национе“. Станува збор за 22-годишниот играч на Пјанезе, клуб од провинцијата Сиена.

Фудбалерот го пропушти натпреварот минатата недела, поради температура и општата слабост. После тоа, тој одлучи да биде во изолација. Тестот за коронавирус покажа позитивен резултат, играчот беше примен во болница и се наоѓа во добра состојба.

За потсетување, Италија е четврта држава во светот по бројот на заразени со коронавирусот. До денес 453 лица се разболеле, а 12 лица починале. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗОИ2026: Златото на Мејар прво за Швајцарија во слалом од 1948

ПМФЛ: Македонија ЃП и АП Брера забележаа победи

ЗОИ 2026: Неколку биатлонки претрпеа труење од бургери