Утрински Весник
Македонија

„Тронорушка“ нова претстава на Кумановскиот театар

„Тронорушка“ нова претстава на Кумановскиот театар

Куманово, 27 февруари 2020 (МИА)„Трнорушка“ е новата детска претстава која ја подготви кумановскиот театар, чија што премиера е закажана за наредната недела, информираа на денешната прес конференција од театарот.

Приказната зборува за моќта на љубовта и е весела претстава која ја обединува актерската игра, кореографијата, костимите, сцената што ја прави интересна за публиката, кажаа на денешната прес конференција актерите и режисерката.

-Невината и чиста љубов, истовремено моќна, која секогаш го победува злото. Ова е универзална приказна која вреди да ја погледаат и децата и возрасните, изјави Краљевска.

Младата актерка Владанка Димковска, која ја игра Трнорушка, вели дека првпат игра во детска претстава и истакнува дека поинакво е чуството кога се игра карактер од детска претстава.

-Бевме исполнети со ведрина, позитивна енергија што го буди детето кај сите нас, вели Димковска.

Жарко Јовановиќ кој, пак, го толкува ликот на принцот Фиданчо очекува претставата да ги воодушеви најмладите.

-Претставата е колоритна, има убави костими, кореографии, вели Јовановиќ.

Актерката Нина Максимова ја игра Лошка. Таа ги повика кумановци да ја проследат преставата во која играат Марко Трајковиќ, Сања Русеска, Нина Мкасимова, Владанка Димковска, Жарко Јовановиќ, Давид Илиќ.  Премиерата е закажана за 6 март, годинава (среда) со почеток во 18.00 часот во Кумановскиот театар. ам/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер