Утрински Весник
Македонија

Дополнителна вонредна дезинфекција на автобусите на ЈСП Скопје

Времен режим на сообраќање на автобусите од јавниот превоз во Карпош 3 и 4

Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) – ЈСП Скопје соопшти дела ќе започне со дополнителна (вонредна) дезинфекција на возилата вклучени во јавниот превоз, како и на кабините на Жичарницата на Водно.

Секој автобус по завршување на смената и утврдената рута, ќе биде дезинфициран со соодветно средство на база на алкохол и Дезинтал 10%, односно со распрскување ќе се третира внатрешноста на автобусот, а рачно ќе се дезинфицираат и одделни делови од возилото како ракодржачи и слично.

Дополнителната дезинфекција се презема како мерка за заштита од коронавирусот со оглед на тоа што јавниот превоз во Скопје секојдневно во просек го користат 115.000-130.000 граѓани, а стотици граѓани ја посетуваат и ја користат Жичарницата.

Дополнителната (вонредна) дезинфекција ќе се врши секојдневно, се до добиените нови препораки од надлежните институции кои ја следат состојбата со корона вирусот.

Од ЈСП Скопје наведуваат и дека внатрешна дезинфекција на автобусите се врши секојдневно преку т.н. редовна дневна нега (чистење, миење) на возилата. Притоа, возилата се третираат со соодветни еколошки средства кои имаат дезинфекционо својство.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тешко повредено едно лице откако со возило удрило во паркиран автомобил во Неготино

СДСМ: Гаши е одговорен за инцидентот, Мицкоски да не го штити 

На половина од угостителските објекти во празничниот викенд „не им работела“ фискалната каса