Утрински Весник
Македонија

Пуштени во употреба три улици со бекатон коцки во Кичево

Пуштени во употреба три улици со бекатон коцки во Кичево

Кичево, 27 февруари 2020 (МИА) – Во Кичево денеска се пуштени во употреба три улици послани со бекатон коцки и тоа „Струшка 1“, „Струшка 2“ и „Илиница“ во населба населена претежно со граѓани од ромска националност.

На свеченоста беше присутен и министерот без ресор Музафер Бајрам, кој истакна дека заедно со Општина Кичево, до која упати благодарност, успеале да ги направат овие улици со бекатон коцки, со цел граѓаните Роми да не газат во кал.

– Ние денеска практично сме во ревизија и сме задоволни од сработеното. Инаку ние како Влада за оваа намена одвоивме 1,7 милиони денари, истакна министерот Бајрам.

Претставникот на Општина Кичево, Сејдини Абази рече дека општинските власти се задоволни од сработеното и во иднина ќе продолжат да работиме за подобрување на животот на сите граѓани кои живеат во овој дел на градот.

Пратеникот Самка Ибраимоски, кој исто така присуствуваше на настанот, изјави дека е задоволен што е исполнето ветувањето за изградбата на овие улици.

– Практично докажавме дека навистина сме едно општество за сите, бидејќи овие улици нема да ги користат само граѓаните Роми, туку и други граѓани кои живеат во овој дел на Кичево, додаде Ибраимоски. рз/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава