Утрински Весник
Спорт

Рамос: Со срцето и главата веќе сум на „Ел класико“

Подготвени сме да умреме за Зидан, тврди Рамос

Мадрид, 27 февруари 2020 (МИА) – Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос по поразот од Манчестер сити (1:2) во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, се насочува кон претстојното големо дерби со Барселона.

Триесет и тригодишниот Шпанец на синоќешниот дуел беше исклучен по фаулот над  Габриел Жезус пред крајот на средбата.

– По многу тешката вечер, гледам две опции: да се размислува за вчерашниот пораз или да се работите на следната победа. Го избирам вториот. Моето срце и глава веќе се на „Ел класико“, изјави Рамос.

Натпреварот Реал – Барселона ќе се игра в недела во Мадрид со почеток во 21 часот. По 25 кола во Шпанското фудбалско првенство, Барселона е лидер со 55 бода, Реал Мадрид е втор со 53. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Легендата на светското пливање се бори со депресија

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026

Галатасарај убедлив против Јувентус, ПСЖ со пресврт го совлада Монако