Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) – Со сведочење на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Монструм“ кој се однесува за убиството на четирите момчиња и рибарот кај Смилсковското езеро на 12 април 2012 година.
Мијалков за настанот дознал половина час после убиството. Случајот го воделе БЈБ, а Управата била вклучена со помагање во информации.
-УБК беше присутна во својство и улога на собирање на информации по однос на оперативни сознанија. За овој случај беа ангажирани сите ресурси на УБК и БЈБ, појасни Мијалков на прашање на обвинителката Фатиме Фетаи.
По Мијалков треба да сведочат и поранешните министри Муса Џафери и Блерим Беџети.
Пред рочиштето Фетаи побара МВР да реагира и да го обезбеди сведокот Зоран Трајковски кој двапати добил покана за сведочење, а има и наредба за негово и за присилно спроведување.
На последните рочишта за овој предмет сведочеа повеќе сегашни и поранешни функционери од извршната власт, меѓу кои и Гордана Јанкуловска, Зоран Заев, Али Ахмети, Бујар Османи, Џелал Бајрами и Љупчо Тодоровски-Радникот. оџ/бк/