Утрински Весник
Македонија

Втор Национален форум за здравје во Скопје

Статистика: Во 2018 година родени 21.333 деца, бројот на умрени лица 19.727

Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) – „Здрави мајки, здрави новороденчиња: Северна Македонија одговара на предизвиците“ е мотото на Вториот национален форум за здравје, што се одржува денеска во Скопје, во организација на Министерството за здравство, во соработка со Светската здраствена организација.

Форумот стартува со воведни обраќања на министерот за здравство Венко Филипче, сопругата на претседателот Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска и регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа Ханс Клуге.
На пленарната дискусија (10:30)  ќе учествуваат министерот Филипче, регионалниот директор за СЗО  Клуге, претседателката на националниот Комитет за безбедно мајчинство Ана Данева Маркова, претседателот на Националниот Комитет за ревизија на перинаталната смртност Глигор Тофоски, како и Нино Берѕули од регионалната канцеларија на СЗО за Европа. По дискусијата се предвидени изјави на министерот Филипче и регионалниот директор нма СЗО Клуге.

Предвидени се две сесии на темите: Подобро здравје за мајките и новороденчињата во РСМ и Напредок во зајакнување на примарната здравствена заштита. лв/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани

Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери – огромни штети од невремето синоќа

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали