Утрински Весник
Македонија

Епидемиолози од ноќеска дежураат на граничниот премин Делчево поради коронавирусот

Епидемиолози од ноќеска дежураат на граничниот премин Делчево поради коронавирусот
Dik 300x250 mk

Делчево, 27 февруари 2020 (МИА) – По појавата на првиот случај со коронавирус во Македонија, од синоќа епидемиолози започнаа со дежурства на граничниот премин Делчево.

Тоа, како што информираше директорката на здравствен дом во Делчево, Марија Глигоровска, е резултат на вчерашниот состанок на екипите на епидемиолошкото одделение и претставниците на Центарот за јавно здравје од Кочани.

На состанокот е дефинирано да се следат препораките на Министерството за здравство за вршење преглед на сите патници, кои на граничните премини ќе пристигнат од погодените подрачја со коронавирус.вс/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Најмногу дожд во Крушево, најмалку во Гевгелија

Евроамбасадорот Рокас во Собранието ќе го презентира Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија

Давкова за изјавата на Фон дер Лајен: На средбата кај мене не стана збор ниту за топка, ниту за двор