Утрински Весник
Спорт

Зидан жали за падот на концентрацијата во финишот на дуелот со Сити

Зидан: За мене, Гвардиола е најдобар тренер на светот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мадрид, 27 февруари 2020 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го коментираше резултатот од натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите со Манчестер Сити (1:2).

– Цели 75 минути игравме добро. Незадоволни сме од поразот, но борбата трае 180 минути. Сега треба да најдеме нешто позитивно. На крајот не се заврши добро, но ние одигравме добро ако не ги земете предвид последните минути. Сега, ако сакаме да одиме понатаму, мора да победиме таму (во Манчестер). Имаше грешки во одбраната, но ова е дел од фудбалот, тоа е сè. Се обидовме, дадовме сè на теренот. Немавме доволно концентрација уште 10 минути во многу тежок натпревар и плативме за тоа, рече Зидан.

Реваншот во Манчестер е закажан за 17 март. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk