Утрински Весник
Спорт

Македонската боксерска репрезентација на подготовки во Србија

Македонската боксерска репрезентација на подготовки во Србија

Белград, 27 февруари 2020 (МИА) – Македонската репрезентација составена од боксерите: Гоце Јанески, Јасин Љама и Арсим Етеми се наоѓаат во Белград каде под водство на селекторот Хесус Сојет се подготвуваат за настап на Олимпискиот квалификациски турнир во Лондон.

Подготовките ќе се одвиваат заедно со српската репрезентација која иста така ќе настапи на турнирот во британската престолнина.

– Ова ќе биде нова убава можност за добри подготовки на нашите репрезентативци заедно со селекцијата на Србија со чија федерација имаме одлична соработка. Нашата репрезентација во Белград ќе остане до 8 март. Два дена подоцна се патува за Лондон каде од 14 март започнуваат квалификациите за Токио 2020, информира Боксерската федерација на Македонија. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп

Уапсени 12 и приведени 16 лица пред почетокот на финалето на Евролигата во Атина