Утрински Весник
Економија

Презентација на нова серија апарати за третман со функционална магнетна стимулација

Презентација на нова серија апарати за третман со функционална магнетна стимулација

Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) – Нова серија апарати за третман со револуционерната функционална магнетна стимулација ќе биде претставена утре во Скопје. Начинот на функционирање, можностите што ги нуди и пренесување на искуствата ќе бидат презентирани од страна на примариус д-р Дамир Хоџиќ од Загреб, Хрватска, вработен на Одделот за гинеколошка урологија на Клиниката за женски болести и породување на клиничката болница „Меркур“ во Зареб.

Тој ќе говори на тема „Функционалната магнетна симулација во третман на инконтиненција и нарушувања на карличното дно“.

Целта, според организаторот, е ваквиот производ соодветно да се доближи до докторите специјалисти од оваа фела и да се претстави оваа нова современа и неинвазивна метода што постигнува загарантирани резултати.

Организатор е компанијата Елмед доо од Скопје, која е застапник на брендот Искра медикал од Словенија на македонскиот пазар од 1995 година.

– Развојот на технологијата и нејзината темелна имплементација од производителот овозможуваат еден уред за третман на патологии во повеќе домени од медицината вклучувајќи ги физикалната медицина, урологијата, гинекологијата и неврофизиотерапијата. Извонредната можност за терапија и стимулација на длабински структури со магнетно поле до 3 Тесли доведува до резултати што надминуваат секакви очекувања и кај уринарната инконтиненција и нарушувања на карличното дно, наведуваат од Елмед. скс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ангеловска-Бежоска за МТВ: Пристапувањето во СЕПА ќе донесе заштеда од половина милијарда евра за земјите од Западен Балкан

УЈП: Преку „меки“ мерки и соработка кон подобрување на даночната усогласеност

Трет ден расправа за ребалансот на Буџетот