Мадрид, 26 февруари 2020 (МИА) – Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ги посети фудбалерите на шпанскиот тим неколку часови пред 1/8-финалниот дуел од Лигата на шампионите на домашен терен против Манчестер Сити, јавуваат шпанските медиуми.
Перез се сретна со тимот за време на неговиот камп во Валдебебас пред денешниот натпревар против шампионот на Англија за 2019 година.
Претседателот на тимот од Мадрид, исто така, се состана одделно со тренерот Зинедин Зидан.
Традицијата во Реал Мадрид покажува дека Флорентино Перез е секогаш близу до играчите пред некои од најважните мечеви за „белите“.
На 1 март, главниот град е домаќин на дербито на Примера – Реал против Барса.