Утрински Весник
Македонија

Во Чешиново-Облешево претставен проект за вклучување на лицата со попреченост во земјоделството 

Во Чешиново-Облешево претставен проект за вклучување на лицата со попреченост во земјоделството 

Кочани, 26 февруари 2020 (МИА) – Општина Чешиново-Облешево е вклучена во проектот „From disability to foodability“ со кој лицата со попреченост ќе бидат насочени кон производство на продукти со додадена вредност, со што ќе обезбедуваат дополнителни приходи за своите семејства.

Во рамки на презентацијата на проектот, што се одржа во локалната самоуправа, беше нагласено дека главната цел е да се придонесе кон подобрување на состојбата на лицата со интелектуална или физичка попреченост кои живеат во руралните средини.

-Проектот примарно ќе опфати две семејства од нашата општина и тоа од селата Спанчево и Соколарци. Со неговата реализација лицата ќе бидат во можност да произведуваат органска и преработена храна во текот на целата година. Производите ќе бидат наменети за потребите на членовите на нивните семејства, а со продажба на вишокот што ќе го произведат ќе можат да остварат и дополнителни приходи, истакна Горанчо Крстев, градоначалник на Чешиново-Облешево.

Проектот се реализира во соработка со Националната федерација на фармери и со поддршка од Шведската организација за развој We Effect и Radiohjalpen, а како надворешна експертиза за лицата со попреченост е вклучен Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје.

Освен во Чешиново-Облешево, истиот проект ќе биде имплементиран и во општините Берово и Зрновци. та/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор